Со автомобил удрено 15-годишно девојче на улица во Скопје

Синоќа на булеварот Александар Македонски’ во Скопје, автомобил со кумановски регистарски ознаки, управуван од Ф.Б.(28) од село Лопате, кумановско, удри во 15-годишна малолетничка од Скопје.

„Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје“, соопшти полицијата.

Извршен бил увид.

Претходна вестЗемјотрес го погоди Крит
Следна вестПочина Јагнула Куновска, истакната правничка и политичарка