Со денешниот Чист понеделник започна Велигденскиот пост

По вчерашното празнување на Прочка, православните христиjански верници со денешен Чист понеделник го започнуваат традиционален Велигденски пост. На овој ден се чисти куќата, децата и возрасните се бањаат, шишаат и бричат. Особено се внимава садовите за храна да се измијат и испоснат од мрсното. Во минатото тоа се правело со брашно или пепел и со подолго вриење. Постот трае точно 48 дена и важи за најстрогиот пост во годината.

Важно е храната да се подготвува на вода, посебно во среда и петок. Виното и маслото се дозволени само во сабота и недела. 

Првата сабота после прочка е празникот Тодорова сабота- Тодорица, а саботата пред Велигден е Лазарова сабота, а во неделата се Цветници. Празникот Благовештение кој секогаш е на 7 април.

Сепак, велигденскиот пост не значи само одрекување од храна. Важен е и духовниот пост. Верниците во деновите на постот треба да се воздржат од лоши мисли и дела, и да се обидат да најдат духовен мир, без што постот нема смисол.

Претходна вестТлото во Македонија никако да се смири: Нови два земјотреси
Следна вестТреба ли да се прошири Уставот и со други цркви и верски заедници?