Тлото во Македонија никако да се смири: Нови два земјотреси

Нови потреси се случија синоќа во гостиварскиот регион по серија на земјотреси што се случија и вчера и во изминативе денови.

Според податоци на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, во 22.38 часот се случил земјотрес со магнитуда 3,5 според Рихтер, со епицентар на 21 километар југозападно од Гостивар, на длабочина од 5 километри. Послаб потрес е евидентиран во 15.15 часот, со магнитуда 2,2 според Рихтер, на длабочина од 2 километри.

Претходна вестПовремен дожд со умерен до засилен ветер
Следна вестСо денешниот Чист понеделник започна Велигденскиот пост