„Филхармонија во срцето“ е насловот на концертот кој ќе се одржи вечерва во Филхармонија на Македонија. Оттаму соопштија дека со овој концерт се вклучуваат во чествувањето на два значајни јубилеи – 180 години од раѓањето на чешкиот композитор Антонин Дворжак и 160 години од раѓањето на рускиот композитор Антон Аренски.
Присутната публика ќе ужива во изведбите на солистите Елена Дојчинова – флејта и Владимир Лазаревски – обоа. Диригент ќе биде Дијана Имери Илкоска.
На програмата се „Варијации на тема од Чајковски“ од Аренски, „Серенада“ од Дворжак и „Класична суита“ за камерен оркестар, флејта и обоа од македонскиот композитор Томислав Зографски.