„Отело“, претставата во режија на Нина Николиќ, односно копродукција на Македонскиот народен театар и нивните колеги од Зеница од Босна и Херцеговина, ќе биде изведена на 17 август – на последниот ден од Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“.
Сепак, заради комплексноста на преставата истата ќе се игра во велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“.
Изведбата ќе биде на два јазика, македонски и босански.
Премиерата на ваквиот формат на „Отело“ беше изведена на 16 ноември 2019, а пред скопската публика на 4 декември 2019 година.