Со перформансот на Горан Атанасовски, познат како Роботек вечерва завршува серијата од три настани „Музичка култура“. Ги организираа центарот за нови иницијативи во уметноста и културата „Локомотива“ и Младинскиот културен центар.
Изминатите два дена колку што траеше настанот, публиката уживаше во изведбите на уште двајца други електронски музички продуценти (Виктор Ирвин Иванов) Дева и Мирко Попов.
– Трите настани се посветени на тројца современи македонски автори од различна генерација, чија работа се движи на линија помеѓу светската и локалната, автохтона култура во полето на електронската музика, соопштија организаторите.