Денеска ќе има средба на македонскиот премиер Зоран Заев со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во Атина. Закажан е и работен ручек.
Не е соопштено што Мицотакис ќе му сервира на Заев. Грчката кујна е разновидна.
Инаку, според она што во понеделникот го најави портпаролот на грчката Влада, се очекува на ручекот да се зборува за европската перспектива на Македонија, за билатералните односи, како и за имплементацијата на Договорот од Преспа.
Заев денеска ќе се сретне и со претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу како и со лидерот на опозициската СИРИЗА, Алексис Ципрас.