Крадци од Прилеп на печалба по скопски станови

Кривична пријава е поднесена против Д.К.(35) и М.Р.(25), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „тешка кражба“, од страна на Единицата за внатрешни работи-Одделение за криминалистички работи Карпош при СВР Скопје. Тие се осомничени дека сториле кривично дело „тешка кражба“, предвидено и казниво согласно член 236 од Кривичниот Законик, при што се стекнале со противправна имотна корист во износ од околу 560.000 денари.

-Пријавените, на 02.09.2020 околу 13.30 часот во стан на ул.„Манапо“ во Скопје со употреба на подесен клуч „калауз“ ја отклучиле бравата од влезната блиндор врата, влегле внатре и одзеле рачни часовници, парфеми и други предмети, се наведува во информацијата на МВР.

Од увидна екипа од СВР Скопје на местото на настанот извршен бил увид и потоа се преземени мерки и активности за расчистување на случајот. На 13.09.2020 првопријавениот бил лишен од слобода и спроведен во Полициската станица Карпош.

Претходна вестПријава за неносење маски добиле 578 граѓани
Следна вестСо што Мицотакис ќе го почести Заев на денешниот ручек?