Собранието се согласи рокот за важење на возачките дозволи да биде до крајот на 2024. година

Собранието со со 110 гласови „за“, ниту еден против и воздржан, во рамки на 144. седница, по скратена постапка го донесе Законот за измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата според кој, возачките дозволи со „Република Македонија“ ќе важат до крајот на годината. Согласно измените, рокот за вадење нови возачки со ознаката „Република Северна Македонија“ наместо до вечерва на полноќ, се продолжува до 31 декември 2024.

Законските измени се на предлог на пратениците Никола Мицевски, Мартин Костовски, Вјолца Адеми, Аднан Незири, Димитар Апасиев и Павле Трајанов.

Според првичното решение, возачките дозволи со ознаката „Република Македонија“, од утре веќе немаше да важат, не само надвор, туку и во државава. Техничкиот премиер Талат Џафер денеска, од тетовско Селце, најави дека ќе оди во Собранието и дека ќе се разгледуваат можностите за надминување на проблемите со возачките дозволи. Претседателот Стево Пендаровски, пак, вчера ги повика пратениците од сите политички партии да најдат решение за возачките дозволи.

Претходна вестДавитковски: Обвинителството веднаш да го повика оној што нарачувал обрасци за лични документи во 2019 година со старото име
Следна вестБрнабиќ се сретна со новинарот кој го интервјуираше Путин: Му честитав на храброста, ќе дојде и во Србија