Собранието треба да одржи две седници, ќе има ли кворум по договорот Заев – Мицкоски?  

Македонското Собрание денеска треба да ја продолжи работата по две сендници на чии што дневни редови се повеќе предлог-закони по скратена постапка. На 30-тата седница треба да се расправа за законите за употреба на знаковниот јазик, за заштита од вознемирување на работното место, за практиканство, за волонтерство, како и за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување. Со европско знаменце, на дневен ред е и Предлог-законот за измена и дополнување на Законот за квалитетот на амбиенталниот воздух, во прво читање.

Во прво читање се и измените на законите за спречување на насилство на спортски натпревари, за земјоделско земјиште, за планиниски патеки, за заштита од бучава и за животна средина.

Собраниската прес-служба најави дека Собранието денеска ќе ја одржи и 32-та седница со расправа за Предлог-законот за дополнување на Законот за јавните набавки, како и Предлог-закон за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, дватапо скратена постапка во второ читање. Во прво читање на оваа седница треба да се најдат законите за чек, за давање финансиски услуги на далечина, за лековите и медицинските средства, за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица и други.

Многу точки за разгледување. Денеска ќе се види дали ќе биде надминат повеќемесечниот проблем со обезбедувањето на кворум за почеток на седниците. Владечакото мнозинство кое има 62 пратеници до сега многу често не успеваше да обезбеди кворум, а опозицијата не сакаше да обезбедува мнозинство поради одбивањето на нивните предлози за повеќе закони од страна на парламентарно мнозинство. Овој проблем се најде како дел од неодамнешниот договор меѓу лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски со кој се одложи пописот, се договорија измени во Изборниот законик. Но, се договорија и околу тоа ВМРО-ДПМНЕ во рамките на Собранието да работи заедно со мнозинството на сите закони кои се однесуваат за реформската агенда за интеграција на земјата во ЕУ и за поддршка на стопанството. Дали ова ќе профункционира ќе се види веќе денеска.

Претходна вестВицепремиери преку Фејсбук цврсто бараат одговорност за смртта на овчарот од кратовско
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Шилегов може да сруши тоа што го изградил, а бидејќи ништо не изградил…