Сончево и многу топло

На подрачјето на Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Кон крајот на денот од запад ќе се зголемува облачноста. УВ=8. Температурата изутрунава изнесуваше од 15 до 21 степен, додека дневната ќе се движи од 30 до 38 степени.

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура изнесуваше 20 степени, а максималната дневна ќе достигне 38 степени.

Претходна вестУрошевиќ: Не треба да се впуштаме во полемики за македонскиот јазик, тоа е губење време
Следна вестСе празнува Успение на Пресвета Богородица – Мајката Божја и заштитничка на христијаните