Сончево и многу топло со попладневни локални поројни дождови

Во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и кон крајот на денот, претежно во планинските подрачја ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=9

Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 40 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. T= 39 °C, P= 974 hPa, U= 32 %, V= 3 m/s. (Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер).

Утринската температура изнесуваше 21 степен, а преку ден ќе достигне 39.

Претходна вестГрчка полиција соопшти дека три возила учествувале во сообраќајката во која загина македонска државјанка
Следна вестДенеска е Духовден, празник на Светиот Дух и на основањето на Христијанската црква