Темен режим Режим на светлина

На „Блек фрајдеј“ вооружен обид за кражба во „Нептун“ кај Градскиот стадион

Синоќа вечерва околу 20:30 часот, во продавницата за бела техника „Нептун“ кај Градскиот стадион „Тоше Проески“ се случи обид за вооружена кражба. Според првичните информации, неколку маскирани лица влегле во продавницата, упатувајќи закани кон вработените и клиентите, додека испукале неколку куршуми.

Очевидци сведочат дека разбојниците побарале дневниот промет сметајќи, извесно, дека тој е голем поради денот „Блек фрајдеј“, извикувајќи: „Вадете ги парите од касата, ако некој викне полиција сите ќе ве убиеме.“

Полициски службеници веднаш пристигнале на местото на настанот и организирале потера низ Градскиот парк, која резултирала со приведување на двајца осомничени. Засега нема потврдени информации дали разбојниците успеале да го одземат дневниот промет.

-Единицата за интервентна полиција реагираше веднаш по пријавата, а двајца сторители се лишени од слобода. Во координација со Основното јавно обвинителство, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираа од полицијата.

Инцидентот предизвика вознемиреност кај минувачите и граѓаните во близина на арената „Тоше Проески“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Момче нагрнато со албанско знаме ја откорнало таблата на Конзулатот на Србија во Куманово

Следна објава

Вечерва премиера во Штипскиот театар на претставата „Јас, на некое друго место“