Сончево и многу топло време со температура до 41 степен

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Попладне во планинските подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната од 34 до 41 степен, јави УХМР.

Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност. Минималната температура ќе биде 22, а максималната ќе достигне до 40 степени.

Претходна вестДел од Чаир утре од 9 часот без вода
Следна вестБремените жени и лицата над 60 години да се ослободат од работа, Владата со препораки за заштита од топлотниот бран