Сончево и многу топло време со температури до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 9.

Во Скопје сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Во понеделник кон крајот на денот, а особено во вторник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер и град.

Потоа во следните два дена ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен северен ветер.

Претходна вестШтипјанец ја претепал мајка му и искршил дел од покуќнината
Следна вестВо Франција прв круг од вонредните парламентарни избори