На подрачјето на Македонија денеска наутро ќе биде променливо облачно и студено, а преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура се движеше од – 7 до 1 степен, а дневната ќе биде од – 1 до 8 степени.
Во Скопје утрото променливо облачно, преку денот сончево со слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринската температура изнесуваше -1 степен, а дневната ќе достигне 4 степени.