Сончево време, со мала локална облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, предвидуваат синоптичарите за денеска на скопското подрачје.
Дневните температури ќе се движат од 25 до 34 Целзиусови степени: Скопје 31, Маврово 25, Охрид и Битола 29, Крива Паланка и Берово 28, Кавадарци 32, Дојран 34.
Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер. Дневните температури ќе бидат од 23 до 31 степен.