Сончево и топло со мала до умерена облачност

На подрачјето на Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 32 степени. УВ =7

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од југозападен правец. Попладне и во вечерните часови во делови од колината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Т= 31 °Ц, П= 981 хПа, У= 42 %, В= 3 м/с. (Т- температура, П- притисок, У- релативна влажност, В- средна брзина на ветер)

 

Претходна вестМалолетник искасан од улично куче во Кисела Вода
Следна вестЖивко Грозданоски нов претседател на Друштвото на писателите на Македонија