Сончево и топло, со слаб променлив ветер

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.

Во Скопје сончево со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 31 степен.

Како што најавија од Управата за хидрометеоролошки работи, во следните денови ќе биде топло со пораст на дневната температура, која на повеќе места ќе биде над просекот за овој период од годината.

Од недела во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Претходна вестЕдно лице починато и 86 нови случаи на Ковид-19 во земјава
Следна вестАрхиепископот Стефан и српскиот патријарх ќе служат литургија и во Скопје на Денот на сесловенските просветители