На скопското подрачје попладне и вечерва ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Инаку, во претпладневните часови ќе преовладува сончево и топло време. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 31 степен.
Слично време се очекува и на подрачјето на целата земја. Во следните денови, а особено за време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.