Сончево со мала до умерена облачност

Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени. УВ=8

Во Скопје, ќе биде сончево со мала облачност и умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Во наредните денови според најавите од УХМР, следува период на стабилно време, во четврток со умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен и северозападен правец. Дневните температури ќе бидат без позначителни промени, а утрата ќе бидат посвежи.

Позначителен пораст на температурите ќе има од недела.

Претходна вестСилувана малолетничка од Скопско, силувачот бил колега на нејзиниот татко
Следна вестУтрово силен земјотрес во Грција