Сончево со мала облачност, температурата до 33 степени

Во Скопје и околината времето денеска ќе биде сончево и топло со мала облачност. Утринската температура ќе достигне до 15 степени, а дневната до 33 степени.

И во останати краишта од Maкедонија времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во источните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 18 степени, а дневната од 25 до 33 степени.

Претходна вестСекоја година менување на содржината на учебниците предвидува новиот закон, зошто?!
Следна вестЌе опстане ли булеварското зеленило со новиот систем на јавен превоз?