Секоја година менување на содржината на учебниците предвидува новиот закон, зошто?!

Секоја година ќе може да се менува содржината на електронските учебници ако тоа го одлучи Бирото за развој на образованието или министерката Мила Царовска, вака е предвидено во новиот закон за учебници. Зошто се дава таква слобода за менување на учебниците, но и зошто во толку куси рокови? Ќе бидат ли содржините на учебниците постојано под удар на политиката?

Против ваквиот закон од денеска почнува собирањето потписи со цел да може да се спроведе референдум на кој граѓаните ќе може да се изјаснат дали се за или не во однос на наметнатите реформи.

-Во таа смисла, експертската фела реагира на ваквата контрола на содржината, особено во овој сензитивен момент во кој што се наоѓа Македонија од аспект на наметнување на промена на содржините во согласност со политичките договори и диктати од Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство, вели историчарот Митко Панов.

Сето ова го наметнува прашањето дали реформите се за навистина поквалитетно образование или пак заради политички интереси? Родителите и наставниците се надеваат дека ќе соберат доволно потписи за да се спроведе референдум на кој очекуваат дека мнозинството ќе се изјаснат против.

Претходна вест19 годишно момче изгубило контрола врз мопедот и излетало од патот
Следна вестСончево со мала облачност, температурата до 33 степени