Сончево со мала до умерена облачност. Претежно во јужните делови ќе има зголемување на облачноста и појава на локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец кој во југозападните делови краткотрајно ќе засилува. УВ=5
Температурата изутринава се движеше од 10 до 18 степени, додека дневната ќе биде во распон од 19 до 29 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Утринската температура изнесуваше 17 степени, а дневната ќе достигне 29 степени.