Наутро студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер, поизразен во западните делови.
Дневната температура ќе се движи од минималните – 5 степени па до максималните 18 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Минималната температура изнесува -2, а дневната ќе достигне 17 степени.