Владата донесе одлука да ѝ донира хеликоптери на Украина

Одлука за донирање на хеликоптери на Министерството за одбрана на Украина и утврдила текст на Протокол за таа намена, донесе Владата на вчерашната седница.
– Владата ја разгледа и усвои и Информацијата за потреба од склучување Протокол за донација на воздухоплови (хеликоптери) помеѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана на Украина и ја донесе Одлуката за донација на воздухоплови (хеликоптери) на Министерството за одбрана на Украина. Владата го разгледа и прифати усогласениот текст на Протоколот за донација на воздухоплови помеѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана на Украина, се наведува во соопштението.
Во соопштението не е прецизирано колку и какви хеликоптери ќе бидат донирани. Министерката за одбрана Славјанка Петровска претходно рече дека на Украина ќе ѝ бидат донирани 12 хеликоптери Ми-24.

Претходна вестСончево со малку облаци и слаб ветер
Следна вестЗдравствените работници на протест пред Министерството за здравство