Сончево со малку облаци и температури до 16 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по котлините ќе има појава на магла или ниска облачност, кои во текот на денот ќе се намалат.

Во Скопје претпладне со појава на магла или ниска облачност, кои во текот на денот ќе се намалат и ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во Скопје дневната температура ќе достигне до 11 Целзиусови степени, Маврово 10, Охрид 9, Битола 8, Крива Паланка и Берово 10, Кавадарци 11, Дојран 16.

Утре по котлините ќе има појава на магла или ниска облачност, а во останатите подрачја сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Дневните температури ќе се движат од 6 до 14 степени.

Претходна вестСе празнува Божик, денот на раѓањето на Исус Христос, на мирот и на добрата волја меѓу луѓето
Следна вестРанетите момчиња на Косово се добро