Mала до умерена облачност со сончеви периоди

Во раните претпладневни часови по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Во текот на денот насекаде ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, особено во западните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13 степени.

Во Скопје претпладне со слаба магла и ниска облачност, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

Претходна вестУште 10 дена од конкурсот „Роман на годината“
Следна вестВо Скопје санкционирани 151 возач