Уште 10 дена од конкурсот „Роман на годината“

Десет дена остануваат до затворањето на конкурсот за овогодинешниот „Роман на годината“, што го доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Ова значи дека отвореноста за аплицирање престанува на 15 јануари, а право на учество имаат романите кои за првпат се објавени на македонски јазик во 2020 година.

Колку за потсетување, учесниците треба да достават по пет примероци од романот, или директно во читалницата „Славко Јаневски“ во Скопје (ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 23/1-1) или по пошта, на адреса на Фондацијата, бул. „Кузман Јосифовски Питу“ 19/6-40, Скопје). Со оглед на ситуацијата се препорачува романите да се доставуваат во електронска верзија на адресата: [email protected]

Наградата „Роман на годината“ се состои од паричен износ од 150.000 денари, статуетка и плакета. Одлуката за добитникот на наградата петчлената жири-комисија е обврзана да ја донесе најдоцна до 15 март 2021 година.

Претходна вестАеродромци со порака: Ветувате зеленило, никнуваат згради- не не залажувајте!
Следна вестMала до умерена облачност со сончеви периоди