Сончево време со мала до умерена облачност

Времето претпладнево ќе биде сончево, во текот на денот со мала до умерена облачност, а до крајот на денот облачно. Во втората половина од ноќта во западните делови ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер, претпладне од северозападен, а попладне од југозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 5 до 13 степени.

Во Скопје претпладне сончево, во текот на денот облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен, претпладне северозападен, а попладне југозападен ветер. Максималната температура ќе достигне 8 степени.

Претходна вест1.254 нови случаи на Ковид-19 и 21 починато лице
Следна вестТЕ-ТО уште два месеци ќе обезбедува дополнителни количини струја