Сончево време со мала облачност и температура до 14 степени

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Претпладне по котлините долж Повардарието ќе има појава на магла. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 7 до 14 степени, јавува УХМР.

Во Скопје претпладне со појава на магла, а во текот на денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Претходна вестВлада донесе одлука за прераспределба на 30 милиони денари за реконструкција на салата „Работнички“
Следна вестВо Прага уапсен маж на плоштад поради сомнеж дека носел бомба