Сончево време со температура до 32 степена

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 11, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 28 степени.

До понеделник ќе преовладува стабилно време со значително повисоки дневни температури.

Од вторник и во следните два дена времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.

 

 

Претходна вест„Пејсажи на отпорот“ вечерва во Музејот на современа уметност
Следна вестСкопје, град или… ?