„Пејсажи на отпорот“ вечерва во Музејот на современа уметност

„Пејсажи на отпорот“ е филмот кој вечерва ќе биде премиерно проектиран во Музејот на современа уметност во Скопје. За оние кои не знаат зад него стојат потписите на Марта Попивода и Ана Вујановиќ.

– Имаме привилегија во рамки на КРИК 06 да го споделиме македонското премиерно прикажување на оваа исклучителна филмска нарација, која ги поставува во совршена синергија интимниот, лирски пристап со силните идеолошко-политички светогледи на авторките, велат од КРИК – Фестивалот за критичка култура.

Откако ќе заврши филмот следува разговор со режисерката Попивода. Инаку филмот има освоено неколку награди, Cinema du Réel – Library Award, Чонџу меѓународен филмски фестивал – Награда за најдобар филм, Документарен фестивал Солун – награда Златен Александар, Сараевски филмски фестивал – Срцето на Сараево.

Претходна вест20 дена нема ниту еден детал од истрагата за пеплосаната тетовска болница
Следна вестСончево време со температура до 32 степена