И вечерва во МКЦ „Вистинскиот запад“

И вечерва како и вчера, со почеток во 20 часот, во МКЦ ќе биде прикажана драмата „Вистинскиот запад“ по текст на Сем Шепард, а во режија на Борис Василески.

Таа е номинирана за Пулицерова награда во 1983 година. Во Македонија за прв пат е преведена од Марио Стојаноски.

Улогите ги толкуваат младите Томислав Давидовски, Марјан Наумов, Мартин Манев како и добро познатата Тања Кочовска. Сценографијата и светлото се на Мартин Манев, костимографијата на Симона Даноска, музиката на Ивица Димитријевиќ и Јане Трајковски, а постерот на Ана Јачева. Извршен продуцент е Ава Хусеини.

Билети можат да се најдат онлајн, како и во билетарницата на МКЦ.

Претходна вестВетувањата „да дојдам на власт и депониите ќе ги нема“ не проаѓаат, сегашниве ви горат!
Следна вестУште три дена попис, некои недоречености останаа