Сончево време со температура до 35 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната од 28 до 35 степени.

Во Скопје претежно сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степена.

До среда ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. В четврток се очекува развој на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Претходна вестНа 19-20 септември и 2-3 октомври се одржува Скопје синема сити во Кинотека
Следна вестПочина пејачката Нина Спирова позната по „Еден бакнеж“, „ Молчи молчи љубов моја“