На 19-20 септември и 2-3 октомври се одржува Скопје синема сити во Кинотека

Деветнаесетти, дваесетти септември како и 2 и 3 октомври се резервирани за Скопје синема сити во Кинотеката. Станува збор за шестиот по ред фестивал за музички документарни филмови.

На 19 и 20 септември ќе бидат прикажани четири филма, а на 2 и 3 октомври ќе се прикажат уште шест.

Филмот што ќе го отвори Фестивалот е „Декади“ на Мајк Кристи за бендот Њу Ордер, којшто е воедно и „Артист во фокус“. Секое издание на Скопје Синема Сити го отвора филм за одреден артист, на кого му се посветува изданието и му се доделува Награда за животно дело за заслуги за музиката и филмот. Оваа година тоа се Њу Ордер, на кои Фестивалот им ја испрати наградата во Манчестер.