Министерот за животна средина не треба да каже што да се прави, туку да направи!

За министерот за животна средина Насер Нуредини, императив било да се инвестира во зелена и одржлива енергија. Ова го изјавил на енергетски форум во Солун, деновиве.

– Идејата дека треба повеќе да инвестираме во зелена и одржлива енергија е императив бидејќи колку одиме напред толку помали се можностите за враќање назад за климатските промени, затоа енергетскиот сектор е многу важен, истакнал Нуредини.

Но декларативните заложби на едно од клучните министерства во земјава кога станува збор за животната средина, не е ништо ново. Впрочем, и секој обичен граѓанин знае што треба да се направи за да се делува во насока на доминатна „зелена“ животна средина. Кусо кажано, не треба Нуредини да каже што е добро, туку тој треба да покаже, да делува, а јавноста да ги види резултатите.

Но такво нешто скоро и да нема. На терен се работи слабо. Министерот Нуредини, кој меѓу другото не зборува македонски јазик, ретко може да се види на интервјуа на националните телевизии на тема животна средина и загадување. За него слушаме од неговиот Пи Ар кабинет кога некогаш ќе учествува на форуми како овој, или ако се сретнал со некого. Но, за горливите прашања медиумите најчесто го бараат неговиот заменик, Јани Макрадули. Како и да е, на терен, подобрување на состојбата со загадувањето и воопшто здрава животна средина, баш и не се гледа. Доста е од императивни изјави, време е да се фатат за работа.

Претходна вестАлбански државјанин украл пари и мобилни телефони во автокамп во Охрид
Следна вестНа 19-20 септември и 2-3 октомври се одржува Скопје синема сити во Кинотека