Албански државјанин украл пари и мобилни телефони во автокамп во Охрид

Разоткрена кражба во охридско. Имено, албански државјанин украл несесер со пари и мобилни телефони на плажа во автокамп во Охрид. Триесет и двегодишниот А. И. се стекнал со противправна имотна корист од 90 илјади денари.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против него поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело кражба.

Претходна вестГо киднапирале на патарина пред Скопје и го присилиле да им препише „Масерати“
Следна вестМинистерот за животна средина не треба да каже што да се прави, туку да направи!