По долги години CINEDAYS се отвора и затвора со македонски филмови

„Стела“ на Стојан Вујисиќ и „Хомо“ на Игор Иванов ќе го отворат и затворат годинешното издание на CINEDAYS. Фестивалот на филм се отвора во петок а љубителите на филмот ќе уживаат во понудата од 40 филмски проекции. „Филм на секое платно“ под отворено небо е мотото под кое се организира годинава на 3 главни и 6 алтернативни сцени во цело Скопје.

Годинешната програма на CINEDAYS е селекција на Бернд Будер .

Премиерата на македонскиот долгометражен детски семеен филм Стела, која беше најавена за месец Март , поради пандемијата беше откажана.Инаку 100 денари ќе чинат билетите за главните сцени, а додека за алтернативните ќе бидат бесплатни. Со секој купен билет, посетителите ќе имаат и бесплатен автобуски превоз во соработка со ЈСП.

Претходна вестХронично болните се враќаат на работа, а децата не смеат во училиште- логика?!
Следна вестСончево со малку облаци и топло до 30 степени