СОНК не ја прифаќа одлуката на МОН училиштата да ги одработуваат неработните денови

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) реагира на известувањето на Министерството за образование и наука за одработувањето на деновите 24 април и 8 мај, кои Владата ги прогласи за неработни без одработување, поради одржувањето на претседателските и парламентарните избори.

Откако завчера претседателот на СОНК, Јаким Неделков го објави известувањето на МОН кое било испратено до училиштата, вчера следуваше и реакција од Синдикатот.

-СОНК е организација која се бори и е поборник за почитување на законите, но во овој случај, мора да реагира со неприфаќање на ваквата Ваша одлука, проследена преку известувањето, се вели во реакцијата на Синдикатот.

Завчера МОН со допис ги известило основните училишта дека ќе мора да одржат настава во две саботи, на 18-ти мај и на 1-ви јуни. Со тоа што основците во Скопје ќе учат една сабота повеќе, 15-ти јуни, за да го одработат слободниот ден што го добија за време на одржувањето на Самитот на ОБСЕ.

Претходна вестДенеска и утре изменет режим на сообраќај во Скопје
Следна вестКовачевски од Охрид: Изборот е меѓу мораториум и европска иднина