Ковачевски од Охрид: Изборот е меѓу мораториум и европска иднина

Гарантираме 20.000 денари минимална и 30.000 денари просечна пензија, но и многу други финансиски мерки за поддршка на нашите пензионери. Оваа програма е остварлива и нема откажување додека секој ред од неа не стане наша реалност, истакна претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата за европска иднина синоќа во Охрид.

Тој потесети дека Владата додека тој бил премиер донела девет пакети антикризни мерки вредни 2,6 милијарди евра, дека спасиле 80.000 работни места во 20.000 компании, дека за три пати ја зголемиле минималната плата која сега изнесува 22.500 денари…

– Направивме многу, не знам дека не направивме доволно. Денеска, стојам исправен тука пред вас и од срце ви порачувам – јас сум спремен да работам ден и ноќ за да направиме повеќе и да изградиме држава со која сите ќе се гордееме. Нашиот главен фокус останува членството во Европската Унија. ЕУ е единствената шанса Македонија да се промени и да напредува. Едноставно, друг начин нема, друга опција не постои.  Затоа убаво размислете кому ќе го дадете на 8-ми мај. Дали ќе изберете надеж и просперитетна иднина со СДСМ или безнадежност и враќање 10 години назад со ВМРО ДПМНЕ. Дали ќе поддржите искреност, посветена работа, чесност и одлучност или кукавичлук, манипулации и лажен патриотизам, рече Ковачевски.

Претходна вестСОНК не ја прифаќа одлуката на МОН училиштата да ги одработуваат неработните денови
Следна вестМицкоски: Актуелната власт донесе цикличен артаноиден хибриден режим