Сонцето ќе ја смени утринската магла, температура до 8 степени

Во Скопје утрово има мраз и магла со слабо сонце. Но подоцна во текот на денот ќе преовладува претежно сончево време. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.

На останатото подрачје во Македонија ќе преовладува претежно сончево, во утринските и претпладневните часови по одделни котлини со појава на магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до 0, а максималната ќе достигне од 8 до 17 степени.

Во следните денови продолжува стабилното и сончево време со ниски утрински температури. По котлините во утринските и ноќните часови ќе има појава на магла. Во сабота облачноста ќе се зголемува, а од недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.

Претходна вестКолку пациенти треба да починат за да се направат јасни Протоколи за лекување од вирусот?
Следна вестПендаровски со одговор до Заев: Прецизно ги мерам зборовите и ставовите кои ги искажувам