Колку пациенти треба да починат за да се направат јасни Протоколи за лекување од вирусот?

Пандемијата е размавната до максимум. Нормално е здравствените власти да се размавнати исто така, оти Македонија за жал брои многу починати пациенти. Но, кај најповиканите има недоречености.

Зошто матичните лекари во земјава немаат соодветни и прецизни протоколи за лекување на болните од Ковид-19 туку се случува на инфицираните непотребно да им препишуваат силни антибиотици и други лекови? Комисијата и министерот Филипче работат на тоа поле? Дали погрешните терапии се и причина за преголемиот број на починати од корона вирусот?

Одговор мора да дадат здравствените власти по загрижувачките случаи во кои лекари препишувале толку многу лекови чии дози не би можеле да ги издржат ни оние со организам на еден здрав атлета. Микробиологот и професор др. Никола Пановски вчера објави таков пример во кој лекар на пациент кој не бил во тешка состојба му препишал лекови како сумамед, панцеф, моксирал, клексан, фамотидин, новалгетол, урбасон… , лекои коои е тешко да ги изброи, а не и да ги примиш во телото. Пановски вели дека очигледно се работи погрешно.

Проблемот се сведува на тоа што матичните лекари едноставно немаат прецизни упатства како да постапуваат со пациентите со корона вирусот. Тие имаат еден Протокол (патека) за постапување за теастирање и лекување на пациенти со Ковид – 19 објавени од Институтот за јавно здравје уште на почетокот на пандемијата пред девет месеци. А до тогаш многу работи се сменија во сознанијата за болеста, пристигнаа нови лекови… Матичните лекари буквално се оставени сами на себе и на сопствените убедувања во одлуката какви лекови да препишат на пациенти кои се со лесни и средни клинички слики и кои се лекуваат во домашни услови, а тие совети им даваат преку телефон.

Соодветни протоколи за постапување и препишување на лекови веќе постојат во други земји. Микробиологот Пановски укажува дека тие треба да се применат и кај нас оти тоа е подобро од сегашната состојба да се лекува без нив. Зошто тие не се прават треба да објаснат здравствените власти. Вака, се доаѓа во ситуација на пациентите да им се препишуваат погрешни или премногу лекови, организмите да им слабеат и потоа да сеслаби вобитката со вирусот. Тоа не е лекување.

Претходна вестЕротско ТВ поп шоу или танцова пракса : перформансот „Скринсејвер“ вечерва во МКЦ
Следна вестСонцето ќе ја смени утринската магла, температура до 8 степени