Сообраќајка предизвика прекин на автопатот Велес – Скопје

Тешка сообраќајна несреќа е причина за прекин на сообраќајот на автопатот од Велес кон Скопје. Според првичните информации во сообраќајката кој ашто се случила утринава на 16 километи од Велес кон Скопје пред тунелот кај Катланово има и жртви и повредени лица. На терен се излезени полициски и истражни екипи кои сега вршат увид на местото на удесот.

На автопатот е создадена долга колона на возила кои чекаат да се отвори ова делница за сообраќај.

Претходна вестКривична пријава за четири лица поради измама со возила
Следна вестТелевизијата да не го замени скапоценото животно искуство, дружење и читање