Две лица се потешко, а едно полесно повредено во сообраќајна незгода што се случила вчера на патот Прилеп – Битола, информира полицијата.
МВР соопшти дека на 14.09.2024 околу 13 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп – Битола, пред влез за с. Добрушево и с. Клепач, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „Фолксфаген” со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(66) од Охрид и трактор „Имт” со прилепски регистарски ознаки, управуван од С.Н.(41) од с. Канатларци,прилепско.
Возачот на возилото „Фолксфаген“ и неговата сопатничка З.И.(44) од Прилеп се здобиле со тешки телесни повреди, а возачот на тракторот со телесни повреди, констатирани во болниците во Битола и Прилеп.
Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.