Сообраќајка на улица „Ферид Бајрам“ во Скопје, повредени две лица

Две лица се повредени во сообраќајна незгода што се случила вчера во Скопје, инфорамира полицијата.

МВР соопшти дека на 13.05.2024 во 18:55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ферид Бајрам“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Форд фиеста“, управувано од Ј.И.(30) од Скопје и патничко возило „Фолксваген поло“, управувано од А.В.(30) од с.Никиштане, скопско, двете со скопски регистарски ознаки.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ф.К., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, а со телесни повреди се здобил сопатник од возилото „фолксваген поло“, А.В.(19) од с.Никиштане, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Претходна вестДали Османи ќе ја искара официјална Атина како што ја искара Силјановска?   
Следна вестСедуммесечно бебе починало по пад од импровизиран кревет во семејниот дом во Вевчани