Нема повредени во сообраќајната несреќа која се случи синоќа на подрачјето на скопската општина Аеродром, информираат од МВР.
– На 23.11.2023 во 20:03 часот добиена е пријава дека на бул.„Трета македонска бригада“ возило „Форд“ со скопски таблички, управувано од Г.В. (39) се превртело. До сега нема пријавено повредени лица. Извршен е увидот, соопшти МВР.