Сообраќајка во кратовско, тешко повреден еден од возачите

Едно лице е потешко повредено а четворица други полесно во сообраќајна незгода што се случила завчера на патот кај с.Кетеново-кратовско.

МВР информире дека се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „тојота“ со кратовски регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(39) од Кратово, патничко моторно возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.С.(40) од Скопје и патничко моторно возило „голф“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(22) од Пробиштип.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил совозачот од возилото „голф“ Б.М.(36) од Пробиштип, констатирани во Клиничката болница Штип, а со телесни повреди се здобиле Д.Н. и нејзините сопатници Н.Ѓ.(73), С.Н.(61) двајцата од Кратово и Д.З.(49) од Скопје констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кратово, соопшти МВР.

Претходна вестЦУК: Среде зима горат шумите и ниска вегетација
Следна вестЗапочна седницата за избор на техничка влада – ВМРО-ДПМНЕ излезе од салата, СДСМ најавува поддршка