ЦУК: Среде зима горат шумите и ниска вегетација

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.747 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 41,50%, а 58,50% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 47,97%, кон Итната медицинска помош 41,33%, кон пожарникарите 4,43%, а кон АМСМ 0,37% од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Согласно информациите во ЦУК, од регионалните центри за управување со кризи во државата се уште има „зимски“ пожари на вегетација на отворено, десетина пријавени во последното деноноќие.

Регионалниот ЦУК Скопје известува дека по добиена пријава на 112 во ЦУК за шумски пожар помеѓу с.Морани и с.Вражеле рид во Општина Студеничани веднаш е известена ЈП „Национални шуми – подружница Караџица“ од Скопје за нивна понатамошна постапка. Во 14:36 часот информираа дека пожарот е на непристапен терен и има само чад и најверојатно е запалено ѓубре. Тимот од ЈП НШ „Караџица“- Скопје користел алтернативен пат односно од другата страна да стигнат поблиску до пожарот оценија дека пожарот и со заладување на времето ќе биде изгаснат. Пожарникарите на БППЗ на Град Скопје од 10:10 до 11:11 часот, со 1 ПП возило и 2 пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација со површина од 5.000м2 во с.Зелениково (Општина Зелениково). Од 11:25 до 12:10 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалено стрниште на Автопат-Скопје-Велес Општина Петровец.

Регионалниот ЦУК Битола, информира дека пожарникарите од ТППЕ Прилеп во период од 17:43 до 18:40 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација кај „Дета Центар“ (Општина Прилеп)

Регионалниот ЦУК Струмица, информира дека пожарникарите од ТППЕ Струмица од 14:03 до 15:15 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација пред с.Просениково, на повершина од околу 1 хектар. Во период од 18:20 до 18:50 часот со 1 ПП возило и 5 пожарникари интервенирале и на запалени огревни дрва во с. Баница близу Домот за зависници (Општина Струмица). ТППЕ Радовиш од 16:04 до 17:20 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с. Оравица на зафатена повершина од 1 хектар (Општина Радовиш). ТППЕ Гевгелија во период од 15:00 до 17:00 часот интервенирале на запалена нискостебелста шума од Доброволното ПП друштво со 1 ПП возило и 3 доброволци (Општина Дојран).

Регионалниот ЦУК Штип информира дека пожарникарите од ТППЕ Кочани од 17:03 до 17:35 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалена дива депонија и ниска вегетација во близина на Фабриката за вода во месноста „Полатски пат“ (Општина Кочани).

Фото: Архива

Претходна вестТалентот помага, но неопходна е макотрпна работа за да освоиш медали за знаење
Следна вестСообраќајка во кратовско, тешко повреден еден од возачите