Две пријави за физички напад за еден инцидент добила вчера полицијата. МВР соопшти дека на 09.06.2024 во 21:15 часот во СВР Скопје, С.Т.(19) од Скопје пријавил дека во дворното место на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје бил физички нападнат од А.А., кој употребил и тврд предмет.
-Подоцна, З.А.(55) од Скопје, исто така, пријавил дека околу 20:30 часот во дворот од семејната куќа на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје бил физички нападнат од С.Т.(19), се наведува во информацијата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.